ИЗБЕРЕТЕ ИНОВАЦИИ,
Одбери живот!
Изберете соларни панели и дадете свој придонес за екологијата и животот на Земјата! Ова решение позитивно ќе влијае на вашиот живот!
ОБВНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА Твоја најдобра инвестиција
Добредојдовте во СОЛАР СОЛУШНС, вашата дестинација за проектирање и изведба на фотонапонски панели што ќе ви го трансформираат домот или бизнисот во енергетски ефикасен и одржлив простор. Ние сме посветена екипа од професионалци со над 20 години работно искуство во областа на енергетиката и во делот на обновливи извори на енергија, која се фокусира на тоа да ви обезбеди најнапредни решенија што ќе ги задоволат вашите потреби и ќе ги надминат вашите очекувања.
Проектирањето и изведбата на фотонапонски централи не е само наша професија, туку и наша страст. Секој проект за нас претставува предизвик за иновација и креативност, при што ги користиме нашите способности и искуства за да создадеме персонализирани и ефикасни решенија за нашите клиенти.
Нашиот пристап е секогаш ориентиран кон Вас, корисникот. Ги слушаме вашите потреби и цели, и на основа на нив разработуваме индивидуализирани планови и решенија.
Со нас секогаш ќе добиете:
Зошто Солар Солушнс
СОЛАР СОЛУШНС, е посветена екипа со богато искуство и експертиза во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија. Нашата компанија е вашата дестинација за интегрирано проектирање, изведба и управување со фотонапонски системи, вклучувајќи го и вадењето на сите потребни лиценци за продажба на вишокот на електрична енергија.
Нашата компанија нуди опрема од реномирани производители на соларни панели и инвертори преку наши компании со кои имаме повеќегодишна ексклузивна соработка кои имаат директно застапништво во регионот на соларни панели од производители како APEX SOLAR , JINKO SOLAR итн. како и инвертори од производители како SUNGROW, FOXess, GoodWe
Нашиот фокус е на вас, нашите клиенти, и ви нудиме целосно интегрирани решенија кои ги задоволуваат вашите потреби и очекувања. Ние ве пратиме во секој чекор од процесот, почнувајќи од професионални консултации и проектирање, преку прецизна изведба и инсталација, се до добивање на сите потребни дозволи и лиценци.
Нашиот пристап “клуч на рака” ви обезбедува потполна удобност и спокојство, бидејќи ние се грижиме за сите аспекти на вашиот проект. Од изборот на оптималната локација за инсталација на панелите, до согласување со сите регулативни стандарди и процеси за добивање на дозволи, нашата екипа е тука за вас секогаш.
Доколку сте во потрага по партнер кој ќе ги претвори вашите соништа за енергетска ефикасност во реалност, контактирајте не и дозволете ни да ви помогнеме да го изградите вашиот визионерски проект.
