ДОМАЌИНСТВА ДО 6KW И МАЛИ КОМЕРЦИЈАЛНИ ОБЈЕКТИ ДО 40KW
Изберете соларни панели и дадете свој придонес за екологијата и животот на Земјата! Ова решение позитивно ќе влијае на вашиот живот!
Во СОЛАР СОЛУШНС, сме посветени на тоа да го направиме процесот на инвестирање во сончева енергија за вашиот дом што е можно поедноставен и подостапен за нашите клиенти. Нашиот пристап за објектите од оваа категорија ,објекти за кои не се потребни решенија за поставување и лиценца за производство,нудиме целокупни решенија по принцип “клуч на рака” обезбедувајќи целосно решение за вашата енергетска трансформација, вклучувајќи проектирање, изведба и пуштање во употреба на централата за вашиот дом да го претворите во енергетски ефикасен дом и да ги намалите сметките за електрична енергија на минимум искористувајќи ја сончевата енергија.
Првиот чекор во нашиот процес е индивидуална консултација каде ќе ги разгледаме вашите потреби, цели и буџет. Нашиот тим од стручни лица ќе ја анализира вашата локација и енергетскиот профил за да изработи најдоброто решение за вашиот дом.
Откако ќе ги дефинираме вашите потреби, ќе проектираме и изведеме соларна централа кој одговара на вашите потреби и спецификации. Одбирањето на оптималната позиционираност, изборот на панели и инвертери, и дизајнирањето на системот за максимални перформанси и ефикасност, се дел од нашиот процес на проектирање.
Откако ќе се потврди дизајнот, нашиот искусен тим ќе ја изведе инсталацијата на вашиот дом. Ние се грижиме за секој аспект на процесот, вклучувајќи го и вадењето на сите потребни лиценци.
По завршувањето на инсталацијата, нашиот тим ќе ве обезбеди со сите потребни информации за да може да ги следите перформансите на вашиот нов сончев систем. Нашата цел е да ви обезбедиме не само перформанси, туку и мир на умот знаејќи дека вашата инвестиција е во добри раце.
Контактирајте не денес и дозволете ни да ви помогнеме да го започнете вашето патување кон чиста, одржлива енергија. Во СОЛАР СОЛУШНС, вашата енергетска трансформација е наш приоритет.

FEC ADIENT – 630KW