Skip to content

ИЗБЕРЕТЕ ИНОВАЦИИ,

Одбери живот!

Изберете соларни панели и дадете свој придонес за екологијата и животот на Земјата! Ова решение позитивно ќе влијае на вашиот живот!

about-section1

ОБВНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА Твоја најдобра инвестиција

Добредојдовте во СОЛАР СОЛУШНС, вашата дестинација за проектирање и изведба на фотонапонски панели што ќе ви го трансформираат домот или бизнисот во енергетски ефикасен и одржлив простор. Ние сме посветена екипа од професионалци со над 20 години работно искуство во областа на енергетиката и во делот на обновливи извори на енергија, која се фокусира на тоа да ви обезбеди најнапредни решенија што ќе ги задоволат вашите потреби и ќе ги надминат вашите очекувања.

Проектирањето и изведбата на фотонапонски централи не е само наша професија, туку и наша страст. Секој проект за нас претставува предизвик за иновација и креативност, при што ги користиме нашите способности и искуства за да создадеме персонализирани и ефикасни решенија за нашите клиенти.

Нашиот пристап е секогаш ориентиран кон Вас, корисникот. Ги слушаме вашите потреби и цели, и на основа на нив разработуваме индивидуализирани планови и решенија. 

Со нас секогаш ќе добиете:

1. Стручност и искуство:

Нашата екипа од инженери и стручни лица има богато искуство со над 20 годишно работно искуство во областа на фотонапонската технологија и сончевата енергија. Ве охрабруваме да ги испратите вашите идеи и предизвици, за да можеме да работиме заедно за нивно реализирање.

2. Индивидуален пристап:

Сметаме дека секој проект е уникатен, затоа нашите решенија се прилагодени според вашите потреби, локација и буџет. Секој детал се разгледува внимателно за да се обезбеди најдоброто решение за вас.

2. Квалитет и перформанси:

Се залагаме за највисок стандард на квалитет во секој аспект на нашиот работен процес, од изборот на опрема и материјали до изведбата на проектот. Нашата цел е да ви обезбедиме фотонапонски панели со извонредни перформанси и долготрајна ефикасност.

Започнете ја вашата одржлива енергетска иднина со нас

Контактирајте нè денес за консултации и започнете го процесот на проектирање и изведба на вашиот фотонапонски проект.

Зошто Солар Солушнс

СОЛАР СОЛУШНС, е посветена екипа со богато искуство и експертиза во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија. Нашата компанија е вашата дестинација за интегрирано проектирање, изведба и управување со фотонапонски системи, вклучувајќи го и вадењето на сите потребни лиценци за продажба на вишокот на електрична енергија.

Нашата компанија нуди опрема од реномирани производители на соларни панели и инвертори преку наши компании со кои имаме повеќегодишна ексклузивна соработка кои имаат директно застапништво во регионот на соларни панели од производители како APEX SOLAR , JINKO SOLAR  итн. како и инвертори од производители како SUNGROW, FOXess, GoodWe

Нашиот фокус е на вас, нашите клиенти, и ви нудиме целосно интегрирани решенија кои ги задоволуваат вашите потреби и очекувања. Ние ве пратиме во секој чекор од процесот, почнувајќи од професионални консултации и проектирање, преку прецизна изведба и инсталација, се до добивање на сите потребни дозволи и лиценци.

Нашиот пристап “клуч на рака” ви обезбедува потполна удобност и спокојство, бидејќи ние се грижиме за сите аспекти на вашиот проект. Од изборот на оптималната локација за инсталација на панелите, до согласување со сите регулативни стандарди и процеси за добивање на дозволи, нашата екипа е тука за вас секогаш.

Доколку сте во потрага по партнер кој ќе ги претвори вашите соништа за енергетска ефикасност во реалност, контактирајте не и дозволете ни да ви помогнеме да го изградите вашиот визионерски проект.

worker_3

Во име на целокупната екипа на СОЛАР СОЛУШНС верувајте дека вашата енергетска иднина е во добри раце.

Нашите контакти Контакт информации

УЛ.СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ БР.21/2,КОЧАНИ
ТЕЛ. 070 309-587 или 072 213-243
Е-ПОШТА : [email protected]